Пријавени 131 проект во вредност од 17 мил. евра

Bez autora
Mar 24 2010

Вкупно 131 апликант се пријавиле на првиот јавен повик за искористување на средствата од програмата ИПАРД. Oвие бројки не се конечни, бидејќи се чекаат барања да пристигнат по пошта. Досега пријавените проекти се со вредност од околу 17 милиони евра, од проектираните 24 милиони евра. Ова е исклучително добар, охрабрувачки резултат, особено ако се спореди со резултатите остварени во другите земји, сега членки на ЕУ, но и ако се земе предвид амбинетот настанат од негативното влијание на светската финансиска криза. Првиот оглас за ИПАРД беше распишан на 23 декември минатата година, а заврши на 17-ти овој месец и се однесуваше на првите три мерки од Програмата - инвестиции во земјоделските стопанства со цел нивно модернизирање, за што има поднесено 55 барања. Потоа, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, за што аплицирале 41 апликант и диверзификација и развој на руралните економски активности, за што аплицирале 35 земјоделци. Просечната вредност на проектите за првата мерка изнесуваа 80.000 евра, за втората 235.000 и за третата 120.000 евра.

Пријавени 131 проект во вредност од 17 мил. евраВкупно 131 апликант се пријавиле на првиот јавен повик за искористување на средствата од програмата ИПАРД.

Според заменик-министерот за земјоделство, Перица Иваноски, овие бројки не се конечни, бидејќи се чекаат барања да пристигнат по пошта.

- Досега пријавените проекти се со вредност од околу 17 милиони евра, од проектираните 24 милиони евра. Ова е исклучително добар, охрабрувачки резултат, особено ако се спореди со резултатите остварени во другите земји, сега членки на ЕУ, но и ако се земе предвид амбинетот настанат од негативното влијание на светската финансиска криза - рече Иваноски.

Првиот оглас за ИПАРД беше распишан на 23 декември минатата година, а заврши на 17-ти овој месец и се однесуваше на првите три мерки од Програмата - инвестиции во земјоделските стопанства со цел нивно модернизирање, за што има поднесено 55 барања. Потоа, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, за што аплицирале 41 апликант и диверзификација и развој на руралните економски активности, за што аплицирале 35 земјоделци. Како што информира директорот на Платежната агенција, Тони Димовски, просечната вредност на проектите за првата мерка изнесуваа 80.000 евра, за втората 235.000 и за третата 120.000 евра.

Високи претставници од Брисел минатата недела оцениле дека Македонија со првиот јавен повик за ИПАРД целосно ги оправдала очекувањата и ја посочиле Македонија како пример за остатаните земји-кандидати кои, исто така, поминуваат низ овој процес.

- Како резултат на овие пофалби Европската унија за финансиската 2012 година ги зголеми предвидените 16 милиони евра претпристапна помош за пет, односно на 21 милион евра. Сега практично имаме на располагање 65,7 милиони евра, а не 60,7 - напомена Иваноски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik